Четириесет и тригодишен гостиварец вчера во 19 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека неговиот 47-годишен брат сексуално ја вознемирувал неговата малолетна ќерка, односно внука на пријавениот.
Пријавениот во 20 часот и 15 минути бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, извести полицијата.