Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 55-годишен гостиварец, поради пуштање во оптек лажни пари, информираат од Основното јавно обвинителство – Скопје.
Како што стои во соопштението од обвинителството, обвинетиот, на 2 декември 2020 околу 20:40 часот на бензиска станица во Гостивар, лоцирана на магистралниот пат, со лажна банкнота од 100 евра, за која знаел дека не е вистинска, платил за наточено гориво.
Со стореното кривично дело обвинетиот се товари за фалсификување пари од член 268 став 4 од Кривичниот законик.