Според истата, во луксузниот хотел во Париз во кој живее и Меси со семејството се случил филмски грабеж, во кој неколку гости останале без пари и вредни предмети.

Делува невообичаено за хотел со ваков статус, но маскираните крадци успеале да влезат на еден спрат спуштајќи се од покривот, а засега остануваат неидентификувани за француската полиција.

Ограбени биле четири соби од кои исчезнала готовина и накит, а за среќа на удар не бил апартманот на семејството на Меси.

Аргентинецот е сместен во апартман за кој едно ноќевање во хотелот „Ројал Монсо“ чини околу 20.000 евра