На 03.04.2023 во 08.18 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ две лица со закана кон вработените одзеле пари и други предмети, по што еден од нив нападнал еден вработен.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.