Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за непрописно престројување на возила.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за прекршоци што ги прават пешаците, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.