Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, деновиве поставија 94 заштитни столпчиња на реконструираната пешачка патека на улицата Љубљанска, на потегот од од булеварот Партизански Одреди до улицата Разловечко востание.
Во тек е реконструкцијата на третиот дел од пешачката патека до булевар Илинден, а по нејзиното завршување и на овој потег ќе бидат поставени заштитни столпчиња со цел зголемување на безбедноста за пешаците во овој дел на градот и спречување на непрописно паркирање возила на пешачката патека.