Градот Скопје спроведува проект “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија и истиот се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од Сојузна Република Германија.
– Проектот има за цел да обезбеди контрола на загадувањето на воздухот во Скопје на начин на кој ќе обезбеди услови за одржување на бесплатна настава и обука за возобновување на професијата оџачар преку размена на искуства со оџачари од Сојузна Република Германија, информираат од град Скопје.
За таа цел, Град Скопје објави јавен повик за изразување на интерес за посетување на бесплатна настава и обука за оџачари.
Заинтересираните лица треба да имаат завршено најмалку средно образование, а истите можат да аплицираат со доставување на писмо за интерес, во кое задолжително ќе наведат: Име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта.
Писмото на интерес можат да го достават по пат на е-пошта на следната адреса – nakopa@skopje.gov.mk, или во печатена верзија (лично преку архива или по пошта) до Град Скопје, бул. Илинден бр. 82, 1000 Скопје, со назнака: За посетување на бесплатна настава и обука за оџачар во рамки на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“.
Краен рок за доставување на писма за интерес е 15.05.2022 до 15.00 часот.
Јавниот повик со сите критериуми и услови за аплицирање е доставен на следната интернет врска –https://skopje.gov.mk/media/8458/javen-povik-obuka-odzacari.pdf