Поради планирани прекини во електродистрибутивниот систем утре без струја ќе бидат делови од општините Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Сопиште.

Од 08:30 до 15 часот електрична енергија ќе немаат дел од жителите од улиците „Kичевска“, „Воин Драшковиќ“, „Злате Михајловски“, „Ибе Паликуќа“, „Манчу Матак“ и објектите на „Фармахам“ во Oпштина Карпош, а во периодот од 9 до 15 часот, дел од корисниците од улицата „Славчо Стојменски“ во Oпштина Кисела Вода.

Без струја од 10 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „16“ во Oпштина Сопиште, а од 11 до 13 часот, градинката „Срничка“ во Oпштина Аеродром.