Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска на седница на Советот на Град Скопје се појави после 6 месеци. Единствена цел на седницата беше да се расправа за доделување субвенции за ЈСП „Скопје“, јавно претпријатие кое се соочува со проблеми.
За жал, наместо да се фокусира на предметното прашање, седницата прерасна во жестока расправија меѓу градоначалничката и претседателот на Советот, Трајко Славески. Славески ја обвини градоначалничката дека ја труе атмосферата со политички говор, па дури дека обвинува и со фалсификување потписи.
„Ја отрувте атомосферата која пред да дојдете вие беше работна. Отрувте со политички говор, поарно да не дојдевте. Вие тука ме обвинивте дека сум правел фалсификат со потписи за што ќе ве тужам, бидејќи лажете и изнесувате невистини. Ако не се извините ќе добиете кривична пријава од мене“, рече Славески.
Арсовска возврати обвинувајќи ги советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Славески дека се мицковисти, инсинуирајќи дека тие стојат на патот на одлуката за доделување на субвенциите. И покрај хаотичната атмосфера, одлуката за доделување субвенции од 1,8 милиони евра на ЈСП „Скопје“ на крајот беше донесена со 24 гласа „за“ и два „против“. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше воздржана од гласање.