Како на централно, така и на локално ниво власта на ДУИ и СДСМ нема никакви резултати, никакви проекти и никаква реализација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Локалните самоуправи водени од градоначалници на СДСМ и ДУИ во изминатите 100 дена ниту еден проект нема отпочнато, а не пак реализирано.

Така на пример општина Струмица иако менува трет градоначалник од СДСМ , не го менува заевизмот. Градот Струмица е еден од најзагадените во Македонија, граѓаните плаќаат двојно поскап гас, а од отпочнување на некој капитален проект нема ни трага ни глас. Костадин Костадинов наместо ветените капитални инвестиции по кој знае кој пат отвора иста детска градинка реализирана пред неговиот мандат, а уште не може да ја стави во функција.

Слично е и во Струга, каде што локалниот шериф на ДУИ, Рамиз Мерко, не заостанува по неспособност од своите колеги од СДСМ. Така, Рамиз Мерко потроши 100 дена од својот мандат и не отпочна, ништо од тоа што го ветуваше како свој приоритет. Нема решавање на дивата депонија во Струга, туку за жал се појавуваат нови, нема започнато со колекторски систем, нема реконструкција на канализационата мрежа во струшките неселени места. Нема ништо од ветените улици во Мороишта, Мислешево и Враништа. Овие 100 дена како во Струмица, така и во Струга реализирана е една голема НУЛА.

Дека состојбите во општините каде што владеат СДСМ и ДУИ се идентични со состојбите на централно ниво, каде што исто владее владата на СДСМ и ДУИ, најдобар пример ни е општината Крива Паланка. Во оваа општина можеби не се реализираат проекти, ама затоа безмилосно се удира по џебот на граѓаните. Па така во првите 100 дена градоначалникот од СДСМ Сашко Митовски успеа единствено да ја поскапи цената на водата за 100% и цената на гробните места и нивното одржување исто така за 100%

СДСМ и ДУИ се најголемите штетници по стандардот на граѓаните. Тие залудно ги трошат народни пари, безмислосно ги задолжуваат општините, и ништно, ама апсолутно ништо не прават за граѓаните, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.