Дуке, претставувајќи ја ознаката во вид на црвен круг прецртан со црвена линија на бел лист, објасни дека така сака да го „заштити народот“.

-Овој знак укажува на тоа дека тука некој е заразен со ковид-19 или се сомнева дека постои случај на заболување, така што луѓето ќе бидат предупредени, наведе Дуке во видео снимка на својот Инстаграм профил.

Тој во изјава за локално радио најави дека бенефициите, како што се помош со храна и гас ќе бидат укинати, ако луѓето не се придржуваат до карантинот воведен заради порастот на бројот на случаи на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Потегот на градоначалникот, кој е член на владејачката Социјалистичка партија на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наиде на обвинувања за дискриминација.

Адвокатот за човекови права, Тамара Суху остро реагирала со објава на Твитер.

-Мораме да го осудиме и да му посакаме добро здравје, за да не мора да се означи самиот себеси, напишала таа.

Венецуела се соочува со нов пораст на бројот на новозаразени после пикот во август.

За време на претходниот ден во таа земја се регистрирани 1.525 новозаболени, а починаа 15 лица.