Градоначалникот на крајбрежниот украински град Мариупол, Вадим Бојченко, синоќа изјавил дека од почетокот на воените дејства досега се убиени најмалку десет илјади цивили.
Од непозната локација надвор од градот тој дал изјава за медиумите во која тврди дека улиците на градот се прекриени од мртви тела.
Притоа тој посочил дека во градот се уште има околу 120 илјади цивили кои имаат итна потреба од вода, храна, лекарства.
Бојченко истакнал дека дека Руси ги собирале телата и ги ставале во ладилници во трговски центар во градот.
-Пристигнаа подвижни крематориуми на камиони. Ги отварате, внатре има цевка во која се спалуваат телата, изјави тој.
Нема потврда на таквите информации за кои Бојченко самиот изјави дека ги обезбедил од повеќе извори.