На преминот на пругата кај велешка „Порцеланка“ бил и градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски кој за МИА информира дека веднаш по информацијата дошол на настанот и првично на лице место видел 12 патници, од кои некои биле видно вознемирени.
-Бев во велешката блница во Велес и ги посетив повредените 10 возрасни и две деца на три и петгодишна возраст. Од првичните информации од лекарите кои ги прегледаа бев информиран дека се работи за полесни повреди. Среќа во несреќа е што не заврши со трагични последици. На повредените им посакувам брзо опоравување и побрзо да бидат со своите семејства, порача градоначалникот Стојановски.
Тој информира дека преминот на железничката пруга Велес – Битола се наоѓа на регионалниот пат кој води од Велес кон сите населени места во општина Чашка.
-Јас веќе контактирав со надлежните од „МЖ“ и побарав тие да излезат на терен и колку се во можност поскоро да го обезбедат овој премин на пругата со сообраќајна сигнализација и вертикална и хоризонтална, порача градоначалнникот Стојановски.
Тој појасни дека токму на овој премин секојденевно поминуваат голем број жители од сите населени места од општина Чашка кон Велес, бидејќи преминот се наоѓа на регинален пат.
Инаку, да потсетиме во изминатите години на овој премин се случиле голем број на вакви несреќи во кои животот го имаат загубено голем број на граѓани.