Сакам да Ве известам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид 19 направив тест и тестот испадна позитивен. Јас сум во добра состојба и ќе останам во домашна изолација, соопшти градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.
-Се надевам дека не сум придонесол за понатамошно ширење на оваа зараза. Упатувам апел за почитување на мерките за заштита, дополнува Куртовски во објавата на својот Фејсбук профил.