Градоначалникот Кирил Пецаков ги демантираше пишувањата дека е позитивен на Ковид-19. Оваа реакција следи откако неколку медиуми објавија дека Пецаков бил позитивен на коронавирусот.
-По шо гледам дека се шири брзо, интересна тема како и да е …Се тестирав, не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптоми. Немат полошо ко ќе се составуваат текстови по охридски кафани, без да се јавите и да прашате. Добра ноќ, напиша Пецаков на Фејсбук и притоа приложи и фотографија од тестот.
А, покрај Градоначалникот на Охрид, се ширеа дезинформации дека неофицијално е позитивен и секретарот на Општина Охрид Александар Китески.
Кој исто така на својот фејсбук профил демантираше и приложи фотографија дека официјално е негативен на корона и е здрав и жив.