По повод празникот Рождество Христово – Божиќ, честитки до граѓаните од христијанска вероисповед упати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
Посакувам овие празнични моменти да донесат многу здравје и радост во вашите семејства и да ги исполнат вашите домови со мир и разбирање.
Нека верата во Бога нѐ исполни со надеж и позитивна мисла и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебно помагање!
Да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да ја споделуваме божјата милост и поткрепа!
Бидете здрави, живи и бериќетни и имајте незаборавни празнувања!
Христос се роди! – Навистина се роди!
Нека е за многу години големиот празник! – стои во празничната честитка на Градоначалникот.