Впечатливи бројки во првите пет месеци од 2025 година

Анализата на Министерството за култура и туризам покажува силен пораст на туристичкиот промет во Македонија во периодот јануари-мај 2025 година. Во споредба со истиот период минатата година, регистриран е раст од 23,6 % кај странските туристи и 18,7 % кај ноќевањата. Франција, Германија и Велика Британија се на врвот на листата со највисоко зголемување на интересот.

На оваа тема вчера зборуваше и вицепремиерот Николоски.

Николоски: По 200 нови туристи секој ден слетуваат во Македонија преку една чартер компанија

Франција со највисок раст – Турција и понатаму на врвот

Највисок скок бележи Франција со неверојатни 398 % повеќе туристи и 303 % повеќе ноќевања. Германија следи со пораст од 219 % во туристички посети и 146 % во ноќевања, додека Велика Британија регистрира раст од 204 % и 139 %, соодветно. Турција, која и во 2024 беше водечки туристички пазар, и понатаму е на првото место со стабилен раст – 11 % повеќе туристи и 21 % повеќе ноќевања.

Погледнете го графиконот.

Културниот туризам го раздвижува туризмот надвор од сезоната

Особено значаен е зголемениот интерес за културен туризам во месеците надвор од традиционалната сезона. Овој тренд не само што ги зголемува туристичките приходи, туку придонесува и за рамномерен економски развој во локалните заедници, зајакнување на занаетчиството, туристичките водичи и угостителството.

Министерството за култура и туризам најавува дека добиените податоци ќе бидат основа за прецизно насочување на идните промотивни активности, подобрување на авионските врски со новите пазари и целосна поддршка на туристичките оператори.