Скопјани со резерва ја дочекаа одлуката на град Скопје да го пушти делумно во употреба мостот Беласица, откако нивниот експертски извештај покажал дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот.

На социјалните мрежи велат дека Градот Скопје делува како некој на кого не може да му се верува.

Вчера за сообраќај пуштени се две ленти од мостот, но по нив смеат да поминуваат само полесни возила. Град Скопје информира дека донеле ваква одлука по добиените анализи и најавуваат дека тој целосно ќе биде отворен откако ЕСМ ќе ги санира оштетените топловоди.

Дел од познавачите пак повикани за коментар велат не го виделе извештајот на Град Скопје за да дадат коментар дали ваквата одлука е основана. Други пак се на ставот дека доколку на двете ленти транзитираат само полесни возила нема да дојде до преоптоварување бидејќи во моментов отстранети се цевките од главниот топловод со што во голем дел оптеретеноста на градбата е намалена.