„Центарот за развој на скопскиот плански регион денеска го имплементира проектот „Приказната продолжува“. Проектот „Приказната продолжува“ е финансиран проект од швајцарската Агенција за развој, министерството за локална самоуправа на Република Македонија, како и Општина Ѓорче Петров“, истакна Јане Мицевски.

Мицевски додаде дека ова е прв ваков објект во Република Македонија и вклучува можност за ресоцијализација на дечиња кои ја победиле битката со канцер.

„Објектот е избран да биде токму на оваа локација во село Кучково, општина Ѓорче Петров од причина што се наоѓа во здрава животна средина, во висина од над 600 метри. И ги задоволува потребите за ваков тип на рехабилитација и ресоцијализација на дечиња што го победиле канцерот“, рече Мицевски.

Тој нагласи дека проектот вклучува целосна адаптација на просториите на ова поранешно училиште, негово комплетно уредување како внатре така и поранешниот училишен двор.

„Сакам да искажам благодарност до сите оние кои што се вклучени во проектот, сите вработени во Центарот на скопскиот плански регион, како и до швајцарската Агенција за развој која секогаш гледа можност да помогне кога реализираме проекти како од регионален така и од национален карактер“, појасни Мицевски.