Kако сопственици на скоро 80% од градежното земјиште во општина Кисела Вода попознат како Расадник во кој како сопственици се јавуваат неколку стотина сопственици после долго време се обраќаме до јавноста преку вас како медиуми затоа што сметаме дека сме најобесправената страна кога се работи за ова место кое во последно време е актуелно во медиумите. Имено се работи за површина од околу 120000м2 земјиште кое е во градежен реон и според генералниот урбанистички план тој е во зона домување, стои во соопштението на сопственици на земјиштето во Општина Кисела Вода – Расадник.

– Ние како сопственици со години плаќаме данок како за градежно земјиште кое е изградено или на кое во истиот момент може да градиме, но за жал не можеме да го користиме едно од основните уставни права на секој човек, плодоуживање на својот имот туку нашиот имот е запустен, обраснат и неурбанизиран и тоа не една или две години туку повеке од деценија. Ние бараме само донесување на ДУП согласно постоечкиот ГУП. Сакаме да акцентираме дека предизборните ветувања на градоначалникот дека во првата година од неговиот мандат ќе го донесе ДУП-от и дека ке се гради инфраструктура во Расадникот и објекти тоа не се случи и од негова страна имаме само несериозни ветувања дека секој нареден месец ке се донесе ДУП-от. Исто така се имаме обратено и до Градоначалникот на град Скопје, но во неговиот мандат тој не не прими, ни се одважи да ни помогне, ниту да седнат со својот партиски колега и да најдат решение за нашиот децениски проблем, велат тие.

Сопствениците на земјиштето во Расадник ги известуваат властите кои на прво место ги гледаат како виновници за нашиот проблем, а потоа и граѓаните дека бараат ДУП според закон и дека тие не се ни дел од градежниот бизнис и дека во наредниот период ќе ги преземат следните порадикални мерки:
– Непослушност и неплаќање на данок на имот, како и барање на поврат на данокот на имот и обештетување
– Протестирање и блокирање на Бул,, Борис Трајковски‘‘
– Протестирање и блокирање на Општината Кисела Вода и седиштето на Град Скопје

– Како сопственици знаеме дека за жал граѓаните ќе чувствуваат последици од нашите активности, но ние немаме друг избо, додаваат тие.