Третата или бустер доза засега е последна препорака на Кризниот штаб.
„Ние се бориме со Ковид-19, но во таа борба го имаме најсилното оружје – вакцината. Вашата вакцина ве чека во најблискиот здравствен дом, а доколку сте ги примиле првите две дози, можете да си ја обновите заштитата“, се наведува во пораката што граѓаните ја добиле во понеделник на своите приватни броеви.
Како што додаваат, закажувањето не е потребно.
„Над 3 милиони граѓани на Србија веќе ја примиле вакцината. Дојдете, вакцинирајте се и придружете им се на оние кои се однесуваа одговорно кон себе и кон своите најблиски“, наведуваат во пораката.
Како што истакнуваат на крајот „ти си ти ред“.
Во втората порака, пак, „Батут“, им остава можност на граѓаните да се пријават и да ја изберат својата вакцина, со испраќање на својот ЕМБГ на различни броеви.
Граѓаните на Србија се во чудо, зошто од Институтот, ги повикуваат на вакцинација и оние кои ја примиле третата доза од вакцината против коронавирус.
Слично прашање поставија и некои корисници на социјалната мрежа Твитер, кои добиле слична порака.