-Присуството на некои вируси на грип, како и коронавирус, се очекува да ја влоши ситуацијата во наредните месеци. Поради тоа, здравствените експерти повикуваат на вакцинација против сезонски грип и коронавирус, додава телевизијата.

Во меѓувреме во земјата активни на Ковид-19 се 8.433 лица, од нив 172 се на болнички третман од кои 29 во критична состојба. Во последното деноноќие потврдени се 194 новозаразени од направените 2.587 тестови, како и 7 починати на возраст од 53 до 79-годишна возраст.

Во исто време се зголемува бројот на заразени со сезонски грип, кој се повеќе се шири и меѓу децата.