Во текот на вчерашниот ден беше привремено отворена државната граница помеѓу Македонија и Србија на привремениот граничен премин во село Калово, кај општина Крива Паланка.
Преминот беше отворен од 9 до 22 часот. За преминување на границата преку привремениот граничен премин потребно е да поседува важечка патна исправа, лична карта или пасош.