Дефинитивно му пресудија на македонскиот јазик. И пресудија на нашата историја и дефинитивно нам во преговарачката рамка ни се идентитетски прашања. Што е идентитет ако не е историја и јазик.
Поранешната пратеничка и претседателка на Глас за Македонија, Солза Грчева смета дека во протоколот нема никаков реципроцитет и тој е погубен за Македонија, тоа е губење на суверинитетот по секоја основа.
Европа застанува зад позициите на Бугарија а дополнително искалкулирано е тоа да преговорите ги започнеме заедно со Албанија.
Лидер: Забрзување на работата на историската Комисија, заедничко одбележување историски настани и личности, промена на учебници од историја и географија, како и ефективно справување со говорот на омраза се дел од главните одредби од Протоколот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија кој вчера беше потпишан од министрите за надворешни работи на двете држави. Ваш став и оценка, трбаше ли да се потпише ваков документ?
-Никако. Апсолутно не. Ние сме овде оставени во тотоално незнаење. Пратениците беа оставени во тотално незнаење што се потпишува и за што гласаат. Каква е таа дрскост да во бугарскиот парламент помине транспарентно тој ист протокол а кај нас се крие. Тоа е доволен сигнал дека по нас е тотално неповолен.
Во тој Протокол нема никаков реципроцитет. Прво тука се манипулираше со фактот дека не е протоколот услов во преговарањето, знаевме дека е. Бидејќи од оние заеднички заклучоци на првата Меѓувладина Конференција една од точките е дека двете страни треба да се сложат на тој Протокол. Значи тука беше лагата сервирана дека Протоколот не е дел од преговарањето. Е !
Ако земете да го анализирате Протоколот тој е погубен за Македонија. Не само што историјата, образованието, говорот на омраза, предавањето на нашата архива, полициска, военоразузнавачка треба да оди во рацете на туѓа држава, пазете таа архива треба да отиде во рацете на друга држава и да ја чешла а потоа вие да превземете мерки против свои граѓани по нивен налог, по нивно барање, тоа е крајно понижување. Тоа е губење на суверенитотот по секоја основа.Потпис се става на таков документ во случај на целосна капитулација! После изгубена војна. Ако сте ја изгубиле војната ќе си потпишете таков протокол. Меѓутоа ние кои бевме антифашисти во Втората Светска Војна да добиваме налози од една фашистичка земја во тоа време ( не зборувам дека бугарите биле фашисти но земјата им била фашистичка, управата им била фашистичка) и да сега нам тоа ни се враќа како бумеранг, тоа зборува за Европа пред се многу лошо. За бугарската позиција нам ни е јасно од ослободувањето па наваму дека отсекогаш не гледале како дел од Бугарија, секогаш имале асимилаторска политика, меѓутоа Европа во овој случај застана зад нивните позиции.
Со овој потпис му се пресуди на македонскиот јазик, додава Грчева која вели дека ваков документ не смеело да се потпише ниту во лудило.
-Овој Протокол не смееше да се потпише ни во лудило. Ни во лудило!
На што личи, дури и работните тетратки и методските единици и сите учебници ние да ги предадеме во Бугарија. Ваков Протокол се потпишува само во време на окупација после изгубена војна . После целосна капитулација на земјата. Ние сме далеку од тоа.
Целиот документ што помина низ Собранието е трагичен, каде што се спори македонскиот јазик…Не се спори туку дефинитивно му пресудија на македонскиот јазик. Каде што дефинитивно и пресудија на нашата историја и дефинитивно нам во преговарачката рамка ни се идентитетски прашања. Што е идентитет ако не е историја и јазик.
Грчева смета Европа искалкулирала со истовременото отварање на процесот за Македонија и Албанија. Направена е пресметка колкав број на пратеници албанци има во македонскиот парламент и пронува документ кој не е за проширувањето, туку за вечен застој.
-Најголемата трагедија е тоа што заедно со Албанија не ставија во кош. Албанија смета дека е закочена поради нас. Европа знае дека ние имаме голема албанска заедница во Македонија, дека имаме дури 30 пратеници албанци и го искористи тој момент да го протне ваквиот документ што не е документ за проширување ( бидејќи на нив им е сосема јасно дека ова не може да се имплементира) туку е документ за НЕпроширување, за закочување , за вечен застој!
Ете тоа го потпишаа нашите пратеници, дигнаа рака за целосен застој во тие преговори.
Грчева го спори и гласањето во Собранието. Според неа заклучоците требало да поминат со 2/3 мнозинство или пак за прашањето дали сакаме да се приклучиме кон ЕУ да се изјаснат граѓаните на референдум.
-Ова е неуставно што они го прават. Го слушав објаснувањето на Талат Џафери дека пратениците дискутираат само по заклучоците на Владата. Не е точно. Ова е практично отворање на отворање на преговори. Ова не е ни саглам отоворање и тоа е уште еден специјалитет измислен за Македонија. Бидејќи е условено барањето . Јасен е условот или со 2/3 мнозинство во Собрание или на Референдум треба да помине Дали сакаме да се приклучиме на ЕУ.
Ова е неуставно. Ова што го направија е неуставно.
По однос на референдумско изјасување ЗА или ПРОТИВ предавствата на антидржавната СДСМ, и најавата на опозицискта ВМРО-ДПМНЕ дека ќе собира 150 илјади потписи за референдумско изјаснување на граѓаните со цел спречување на асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ и држава, Грчева вели дека треба да го види референдумското прашање па да се изјасни. Смета дека референдумското изјаснување требало да има пред ова гласање во Собрание.
-Да биде да не собираме потписи како што беше референдумот за Преспанскиот Договор, после смрт болест. Ако се сеќавате тогаш тие прво го ратификуваа Договорт во Собранието па потоа го дадоа на референдум што е е исто така неуставно.
Да видам за што станува збор.
Ако е за овој процес треба да се види Уставот дали тој процес и тој референдум ќе биде посилен од гласањето во Парламентот што нагласувам беше неуставно.