Таа го искоментира твитот на Заев кој е поддршка за македонската фудбалска репрезентација.

– Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух и го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот, рече Пелони.

Таа додаде дека имплементацијата на договорот е еден од критериумите за пристапување на земјата во Европската Унија, истакна таа.

Заев кој присуствуваше на мечот меѓу Македонија и Холандија во понеделникот, на Твитер објави: „Денеска, од стадионот во Амстердам, ја нудам мојата силна поддршка за македонската фудбалска репрезентација“.