Според него, има овој процес се уште енергија.

– Позитивна околност е што Словенија ќе претседава со ЕУ, тие се наши пријатели. Исто така предност е што понатаму Бугарија ќе има стабилна влада. Постои теоретска можност во Европскиот совет на 24-ти и 25-ти јуни, бугарскиот претседател Радев да отстапи. Имало случаи кога на самиот самит се носела одлука, потенцира Османи и додава дека голем влог е даден во овој процес.

Османи Македонија ја нарече „остров на мапата на ЕУ“.

– Без да кажувам флоскули, ние сме остров на мапата на ЕУ. Немаме друга опција. Прашање на време е кога ќе ги започнеме преговорите. Бугарија не може да блокира колку што ние можеме да биде упорни во евроинтеграциите, заклучува министерот за надворешни работи.