Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите Панајотис Стамбулидис рече дека мерките ќе се однесуваат на вработените – одржување на далечина и носење маски, пренесува порталот Катимерини.

Тој за грчката телевизија ЕРТ рече дека угостителските објекти немаат право да пуштаат музика, што важи и за барови и ресторани што се отвораат во Грција на 3 мај.

Таа мерка, објасни тој, е воведена затоа што експертите процениле дека бучавата го поттикнува кревањето на гласот, што доведува до ширење на капките низ воздухот и намалување на растојанието помеѓу соговорниците.