Препораката е маските, сепак, да се носат на места што, иако се на отворено, во нив има турканици. Во затворен простор препораката за задолжително носење и натаму важи.

Од понеделник, 28 јуни, се укинува и полицискиот час, а на масите во угостителски објекти ќе биде дозволено да седат до 10 лица

Јасно и подобрена е епидемиолошката слика во земјата, изјави членката на Комитетот за инфективни болести и владин советник, Вана Папаевангелу, додавајќи дека изгледите се добри.

Таа додаде дека се додека вирусот циркулира меѓу луѓето, нема простор за самозадоволство. Папаевангелу изјави дека колку подолго циркулира вирусот, толку се поголеми шансите за нови мутации.