Извори од Министерството за миграција и азил на Грција брифираа дека пожарот бил во напуштените импровизирани куќарки во западниот дел од центарот, без да бидат во опасност бегалците и мигрантите сместени во кампот.

Планирано беше во текот на ноќта десет деца бегалци без придружба да бидат пренесени во новиот камп што беше отворен во саботата, додека пак од денеска се очекува да започне префрлањето и на останатите лица од стариот во новиот прифатен центар.

Новиот камп е од затворен, контролиран тип, ограден со двојна заштитна ограда, со безбедносни камери и 24-часовен надзор и со капацитет да прими 3.000 лица.