Од агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција соопштуваат дека приватниот авион со двајца патници полетал од израелскиот град Хаифа, а според доставениот план за летање требало кусо по 20 часот да слета на аеродромот на Самос, но непосредно пред слетувањето се загубила комуникацијата со контролата на летање и веднаш бил информиран Центарот за истрага и спасување.

Надлежните органи започнале спасувачка акција во морскиот дел јужно од аеродромот на островот за пронаоѓање на авионот и патниците, а крајбрежната служба ги пронашла и извлекла двете безживотни тела.