Денеска, заменичката на претседателот на Владата на Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска имаше проштална средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија.

Во оваа пригода, вицепремиерката Грковска ѝ се заблагодари на амбасадорката Холштајн за успешната соработка за време на нејзиниот мандат во Македонија, како и за дадената поддршка на патот кон НАТО и Европската Унија.

Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка цел за Република Македонија. Имајќи го ова предвид, клучниот приоритет е реализација на ефикасни реформи кои ќе значат економска интеграција, консолидација на законодавството и институциите и владеење на правото. Македонија останува на определбата да гради добрососедски односи и регионална соработка.

Воедно вицепремиерката Грковска на амбасадорката Холштајн ѝ посака среќа во понатамошното работење во дипломатската кариера, уверена дека Германија ќе остане да биде силен поддржувач на нашата земја на патот кон Европската Унија.