Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма гостуваше Славица Грковска вицепремиерка задолжена за борба против корпуцијата.
Таа изјави дека има свој став за унапредувањето на Љубомир Јовески и таа не се согласува тој да биде Уставен судија.
„Јас имам свој став околу предлогот за унапредување на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за Уставен судија и јас не сметам тека треба да биде уставен судија“, кажа Грковска.
Грковска смета дека тој не треба да биде уставен судија поради непостигнатите задачи на таа функција.
„Сметам дека она што како републички јавен обвинител требаше да го постигне на таа позиција не го постигна и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како Уставен судија“, посочи Грковска.