Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска очекува реакција од домашните правосудни органи откако САД вчера за персона нон грата го прогласија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко поради неговата вмешаност во значителна корупција.

-Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, порача вицепремиерката Грковска на Фејсбук.