Веднаш да се запре гранатирањето на подрачјето на нуклеарната електрана Запорожје и да се воспостави заштитна безбедносна зона, повика генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.
„Гранатирањето околу нуклеарната електрана Запорожје мора да престане и веднаш да биде договорена зона на нуклеарна сигурност и безбедност“, напиша Гроси на социјалните мрежи.
Тој побара итен прекин на гранатирањето на целото подрачје, наведувајќи оти нападите довеле до исклучување на струјата во Енергодар, град близу нуклеарката.