Таа посочи дека во однос на препораката за трета доза да биде вакцината на „Фајзер“ го гледале искуството и од неколку студии кои веќе завршиле и неколку кои се во тек.
– Во Европската Унија кај 500 илјади граѓани кај кои беше дадена првата доза од „Астра Зенека“ во моментот кога таа беше препорачана за одредена возрасна група, веднаш дадоа препорака како втора доза уште во периодот од летото да се користи „Фајзер“, што значи комбинацијата на „Астра Зенека“, аденовирусната вакцина и „Фајзер“ веќе постои и имавме искуства и видовме дека дури дава и одличен имунолошки одговор. Во однос на другите искуства веќе неколку месеци од летото Обединетите Арапски Емирати и Турција ги комбинираат кинеските вакцини како трета ја даваат вакцината на „Фајзер“. Исто така нивните резултати покажаа одлична заштита која ја обезбедува вакцината на „Фајзер“ особено кон делта сојот, рече д-р Грозданова.