Универзитетот „Мајка Тереза“ е директен резултат на Охридскиот Рамковен договор, истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Тој денеска на одбележувањето на петгодишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“, упати благодарност до ова институција затоа што била дел од прославата на 20-годишнината од Рамковниот договор.

Извонредно задоволство е што денес ја имам честа да бидам сведок на успехот на овој Универзитет, во кој веќе церемонијата на дипломирање ја реализираа многу студенти од земјата и од странство. Го основавме Универзитетот „Мајка Тереза“ без ниедна критика, без никаков глас на противење и на најдобар и најмирен можен начин, со широка поддршка. Денес, ние мора да ги интензивираме нашите напори со цел да овозможиме изградба на универзитетски кампус во Скопје за овој универзитет, и во оваа прилика ја поздравувам одлуката на општина Чаир што ги усвои вистинските одлуки за спроведување на овој процес, додека ние како Влада го поддржуваме спроведувањето на проектот, потенцираше Груби.

Првиот вицепремиер им честиташе на академскиот кадар за стручното оспособување на квалитетни кадри и придонесот што како извор на знаење го дават во проекцијата на здравата иднина на нашата земја, додека на студентите им посака успеси во натамошните предизвици и континуитет во чекорење кон напредокот.