„Заедно разговаравме за можноста за вклучување на познатата компанија „Bechtel“ во изградбата на Коридорот 8.

– Модернизацијата на Коридорот 8 и неговата реконструкција е од особено значење за Северна Македонија поради нејзината регионална поврзаност и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од големо економско значење за земјата, објави Груби.

Министерот за политчки систем оваа недела веќе објави во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дека „Бехтел“ треба да ги гради автопатските делници Гостивар – Кичево и и Струга – Ќафасан (граница со Албанија), со што ќе се комплетира цел коридор.

– Во петок имам состанок со компанијата „Bechtel – ЕNKA“. Ќе ги издефинираме деталите и ќе предложиме закон во Собрание за изградба на коридор 8. Еве ја предизвикувам опозицијата да дебатираме за овој капитален проект, рече тогаш Груби.

„Бехтел“ е најголемиот американски контрактор, но зад себе има историја на спорни, односно неисплатливи и недовршени изградби преку директни договори во Косово, Хрватска и Романија.