Нема да паднат на Уставен суд и не верувам. Не гледам причина зошто би имало иницијатива до Судот. Никаде во законите не се споменува спорната бројка од 60 работни часови. Апсолутна нема причина зошто да се оспори, изјави првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на патарината Тетово – Гостивар, каде присуствува на почетокот на работите за изградба на Коридорот 8.

Како што вели, законското решение предвидува дека работниците можат да работат прекувремено, како и сега, но затоа треба да дадат писмена согласност дека прифаќаат и за тоа мора да им се плати.

Груби информира дека поради клаузула за доверливост не го доставиле целиот договор за „Бехтел и Енка“ до Државната комисија за спречување на корупција.

-За да се достави мора да има согласност од двете страни – од Владата и од конзорциумот. Тоа што е редактирно е деловната тајна што секоја компанија ја има. Јавното обвинителство ја има целосната верзија, кажа вицепремиерот.