ДУИ и СДС ги интересира само личниот профит во енергетиката, во наместените и доделени тендери во четири очи во Осломеј, во Неготино, набавките на скап јаглен, а ги интересира многу и како сами на себе да си префрлаат државно земјиште за изградба на фотоволтаици, како на пример случајот, со сопругата на Ковачевски.

Хидро потенцијалот до скоро пред да се влошат временските прилики во Македонија беше на историски најниско ниво, пресушуваа езерата, пресушуваа реките.

Скапата струја ја донесе инфлацијата и нема производ кој не е неколкукратно поскапен. За народот скап живот, а за власта тендери.ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта, оваа ситуација ќе ја промени, а за да се промени, мора макотрпно да се работи.

Македонија место увозник на струја, ќе биде извозник на струја, која ќе го снабдува регионот.

Македонија има потенцијал, луѓе и кадар за тоа да го постигне.