Во својата честитка, Груби потсети на предизвиците и достигнувањата во 2021 година, наведувајќи ги како извор на инспирација за продолжување на поглавјето на успесите во новата година.
– Поздрав од моето семејство на крајот на оваа година со желба оваа љубезна порака од нас да ве најде во добро расположение и здравје во вашето семејство. Зад себе оставаме една година со потешкотии, но и со многу успеси кои не инспирираат да го запечатиме поглавјето на најголемите национални и државни дострели во трите децении на нашата држава. Годината што ја оставаме зад нас ја започнавме во нашиот нов дом, ги систематизиравме и унапредивме административните службеници, ги прифативме факултетите и ги зголемивме платите, заедно ја одбележавме 20-годишнината од Охридскиот Договор на спектакуларен начин, Коридорот 8 беше целосно потврден, Шар Планина ја направивме национален парк, се справивме со енергетската и економската криза, инвестиравме во општинската инфраструктура и победивме на локалните избори, вели Груби, во честитката.