Слободен Печат од добро информирани извори дознава дека ДУИ досега спроведувале четири анкети и анализира кои би можеле да бидат можните кандидати кои ќе ја претставуваат ДУИ на есенските локални избори.

Истата постапка ја следат Aлијанса за Албанците и Алтернатива, но во овој политички блок сè уште не е јасно дефинирано кои општини ќе имаат кандидати едните, а во која другите.