Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во емисијата 24 анализа рече денеска владата конечно го усвои и одобри содржината на Договорот за Коридорите
– Денеска имаше широка елаборација во однос на нивниот завршен извештај за нивните елаборати и утре е потпишување на договорите. Би замолил новинарите да ги повикаат консултантите да го претстават проектот, а не тоа да го прават политичарите, туку експерти. Се работи за изградба на автопатишта од 110 километри. Ова ќе не чини, 1.3 милијарди евра или 2 милиони евра по километар што е во рамките на просекот на градба на автопатиштата. – рече Груби.