Првиот вицепремиер во владата, Артан Груби, попладнево објави статус на фејсбук со необична содржина и слики како со министрите од ДУИ играат топка во неговиот кабинет.

Во описот на фотографијата Груби напиша

„Дрим тим. По еден процес и долг и предизвикувачки ден, антистрес забава за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден, напиша Груби во описот на фотографијата но не и зошто денешниот ден е голем.