Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година.

„Шест часа по нашето пристигнување овде, ќе започнеме да голтаме апчиња“, објавија демонстрантите претпладнево на профилот на Здружението на жртвите од тоа труење на Твитер.

Поради употреба на преработено масло од семе од репка во тоа време, илјадници Шпанци добија разни белодробни заболувања, а многумина се уште ги чувствуваат последиците од труењето.