Владата размислува за ограничување на цената на гасот и електричната енергија и како да им помогне на сиромашните да ги платат сметките за греење во текот на зимата, поради скокот на цените на енергијата низ целиот свет поради големиот раст на побарувачката по заздравувањето од пандемијата.

Цените на бензинот постојано се зголемуваат во изминатите недели и француската Владата се соочува со зголемен притисок да ги намали даноците а продажба на бензинските пумпи, што може да достигне и до 60 проценти на сметките на возачите.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер истакна дека тоа не само што скапо ќе ги чини јавните финансии, туку ќе биде и субвенција за фосилни горива во време кога Владата се обидува да направи промени.

– Повеќе сум за ваучери за бензин отколку за намалување на даноците, истакна Ле Мер за Радио Европа 1.

Министерката за животна средина Барбара Помпили, како гостин на француската ТВ 2, исто така се изјасни за опцијата за ваучери за бензин, но истакна дека нивното воведување е сложен процес.