Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека ќе дојде време за мировни преговори за Украина, но додаде оти не очекува тоа да се случи во блиска иднина.
– Оваа војна нема да трае вечно. Ќе дојде време кога ќе има мировни преговори… не гледам дека ова ќе се случи во блиска иднина, истакна Гутереш на заедничката прес-конференција во Виена со австрискиот претседател Александар ван дер Белен.
Тој додаде дека ОН никогаш нема да се откаже од организирање мировни преговори.