– Масакрот продолжи и денеска. Овој безумен циклус на крвопролевање, терор и уништување мора веднаш да заврши, рече тој на видео-конференцијата.

Според дипломатите, преговорите за декларацијата на Советот за безбедност се во тек, но поддршката на САД за текстот е се уште неизвесна.

– Судирите мора да престанат веднаш. Ракетите и гранатите од една страна и воздушните бомбардирања и артилерискиот оган од друга страна мора да престанат. Конфликтите можат да ги втурнат Израелците и Палестинците во спирала на насилство со разорни последици за двете заедници и целиот регион, нагласи Антонио Гутереш.

Конфликтот има „потенцијал да предизвика неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза и дополнително да го поттикне екстремизмот, не само во окупираните палестински територии и во Израел, туку и во целиот регион“, додаде тој.