Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија на ГП Табановце е околу еден час, за излез од Македонија на ГП Богородица околу 15 до 30 минути, стои во извештајот на АМСМ објавен околу 6:30 часот утринава.
Според сегашните снимки од видео надзорот на граничните премини, на „Табановце“ не се забележува толку голема гужба, додека на граничниот премин Богородица чекаат колони возила.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.