Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ информира и дека од денеска регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков вид на сообраќај. Тој беше во прекин поради изведување градежни активности.

За утре е најавен прекин на сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11.30 и 14.30 часот во времетраење од 15 до 20 минути.