Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја коментираше одлуката на напаѓачот Герет Бејл да се повлече од професионалниот фудбал.
– Каков играч! Фантастична кариера, Герет освои многу. Мислам дека одигра повеќе од 100 натпревари за Велс. Сега тој може да стане одличен играч на голф. Кога го поканив да играме, тој беше зафатен. Можеби сега Бејл ќе има време, ќе го поканам повторно, изјави Гвардиола, за „Манчестер ивнинг њуз“.
Велшанецот на 9 јануари објави дека се пензионира на 33 години.
Последниот клуб на Бејл беше американскиот Лос Анџелес, а играше и за тимови како Саутемптон, Тотенхем и Реал Мадрид.